Пау Гасол и Портланд го раскинаа договорот, иако Гасол не настапи на ниту еден меч по неговото доаѓање. Причина за ова е повредата на стапалото на Гасол, кој поради годините се опоравува потешко од предвиденото, иако тимот од Орегон на Пау му понуди  да остане во клубот и да врши функција вон паркетите.

Сепак, искусниот центар доби уште по примамлива понуда со која би останал активен кошаркар и на 39 години. Наводно, Барселона планира да го доведе својот поранешен играч со цел да го засили тимот и да ги зголеми шансите за освојување на титулата во Евролигата.

Каталонците претходно летово го ангажираа Никола Миротиќ од НБА лигата, а сега Гасол би можел да биде второ големо засилување за шпанскиот гигант.