Шпанскиот кошаркарски репрезентативец, По Гасол потпиша едногодишен договор со Портланд Трејлблејзерс, пренесува познатиот американски новинар, Адриан Војнаровски.

Гасол ќе биде замена во Портланд за повредениот босански кошаркар Јусуф Нуркиќ. Шпанскиот кошаркар минатата сезона настапи за Милвоки Бакс со кој играше во финалето на Источната конференција.

Шпанскиот центар е од 2001 година во НБА лигата каде има и два шампионски прстени освоени со ЛА Лејкерс, а има и шест настапи на ол-стар мечевите.