Газадата на Далас, Марк Кубан ќе мора да плати 500.000 долари поради навреда на еден од судиите по поразот на неговиот тим од Атланта на 22 февруари.

Жалбата на Далас беше одбиена од раководството на НБА, Кубан по мечот портестираше кај судиите, вербално навреди еден од нив ги критикуваше на социјалните мрежи и за тоа ќе мора да плати половина милион долари.

Кубан реагираше по мечот за одлуката на судиите кои признаа кош на Атланта во завршните моменти од средбата која Далас ја загуби со 107-111, за газдата на Маверикс кошот беше спорен.