Селекторoт на кошаркарската репрезентација на Србија Александар Ѓорѓевиќ го објави списокот од 18 кошаркари кои ќе бидат дел од подготовките пред СП  за кошаркари кое оваа година ќе се одржи во Кина.

Првиот пресек на Ѓорѓевиќ ги изнади сите бидејќи отпаднаа кошаркарот на Фенербахче Никола Калиниќ и играчот на Милано Немања Недовиќ.

На списокот во пресрет на подготовките се најдоа: Милош Теодосиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Алекса Аврамовиќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Драган Милосављевиќ, Марко Симоновиќ, Дејан Тодоровиќ, Владимир Лучиќ, Немања Бјелица, Милан Мачван, Стефан Бирчевиќ, Никола Јокиќ, Мирослав Радуљица, Никола Милутинов, Бобан Марјановиќ и Огњен Кузмиќ.

Србите првиот меч го играат на 31 август против националниот тим на Ангола ,а во нивната група се уште селекциите на Италија и Филипини.