Александар Ѓорѓевиќ е нов тренер на кошаркарите на Фенербахче, објави денеска Турскиот клуб.

Како што се наведува, Ѓорѓевиќ потпишал тригодишен договор со клубот од Истанбул и доаѓа како замена за Игор Кокошков, кој неодамна ја прекина соработката со Фенербахче.

Ѓорѓевиќ ќе биде третиот Српски тренер по ред што ќе го предводи Турскиот клуб.

Пред да дојде на клупата на Фенербахче, Ѓорѓевиќ го водеше Виртус од Болоња, а беше и тренер на Баерн, Панатинаикос, Олимпија од Милано, Тревизо и селектор на српската репрезентација, со која освои олимписко, светско и европско сребро.

Останува да видиме како ке се снајде на клупата на Турскиот гигант , ако се знае фактот дека последниве неколку години, Фенербахче е во криза , и приматот во Турција го превзема Анадолу Ефес.