Македонскиот кошаркарки првак, МЗТ Скопје Аердорм вечерва од 18 часот во „Јане Сандански“ го пречекуваат Ловќен Бемакс во натпревар од 22 коло од АБА 2 лигата.

„Пред нас е исклучително важен натпревар од чиј исход зависи и нашиот пласман на табелата во пресрет на плеј-офот. Ловќен е одличен тим со брзи бекови кои се и одлични шутери. За нас е многу важно да го контролираме натпрварот во текот на сите 40 минути, како и да го надскокаме и наттрчаме противникот за да дојдеме до посакуваната цел. Од моите кошаркари очекувам максимална борба за секоја топка и да бидат фокусирани во текот на целиот натпревар.“ – изјави Ѓорѓи Кочов.

Од АБА 2 лигата потврдија дека ги повикала сите учесници и навивачи строго да се придржуваат кон правилата и апелите издадени од релевантните служби во оснос на справуавњето со ситуацијата со Коронавирусот.