МЗТ Скопје Аеродром го доведе во прашање освојувањето на второто место на табелата во АБА 2 лигата откако вчеравечер загуби на гостувањето кај Нови Пазар со 79:70.

Тренерот на шампионот на Македонија, Ѓорѓи Кочов уверува дека ништо не е завршено.

„Знаевме дека Нови Пазаер е добра екипа. Нас шутот не ни беше наклонет вечерва, во одбрана не игравме лошо со оглед на тоа дека ркипата на Нови Пазар постигнува многу поени во просек. Одиме понатаму, борбата за второто место продолжува. На Нови Пазар им посакувам среќа во борбата за опстанок.“ – изјави Кочов.

До крајот на регулраниот дел од АБА 2 лигата, МЗТ Скопје има да одигра уште еден натпревар, на 11 март во Скопје гостува Ловќен од Цетиње.