Упрaвата на МЗТ Скопје Аеродром и Ѓорѓои Кочов ќе соработуваат уште најмлаку една сезона. Ова го потврдија од македонскиот првак откако тренерот на „Металците“ се согласил на нов едногодишен договор.

 „Зад Кочов се и две повеќе од солидни сезони во АБА2-лигата, што и тоа како ќе биде драгоцено искуство, без разлика дали МЗТ Скопје Аеродром и во следниот период ќе игра во ова натпреварување или, пак, ќе добие шанса да игра против најдобрите екипи на просторот на поранешна СФР Југославија на местото на Копер Приморска.“ – информираа од МЗТ Скопје Аеродром.

За Кочов ова ќе биде трета сезона на тренерското столче во Аеродром.