Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром утревечер од 19 часот го дочекува Сплит во 6 коло од АБА 2лигата.

„Металците“ по поразот од Сутјеска во минатото коло ќе се обидат да му парираат на тимот кој нема победа на последните два меча со нашиот првак, тврди Ѓорѓи Кочов, тренерот на МЗТ Скопје.

„На гости ни доаѓа тимот кој според мене ја има најдобрата екипа во АБА 2 лигата. Ако ги споредите моменталните ростери на двата тима, ќе сфатите дека ова ќе биде борба на Давид и Голијат. Некои од моите играчи за прв пат ќе играат против поранешниот европски шампион а според мене нема поголем мотив од играњето против клуб како Сплит. Ќе направиме се што можеме да ги подготвиме кошаркарите за овој деул и средбата да ја доведеме во тесна завршница.“ – изјави Ѓорѓи Кочов.

Сплит во оваа сезона има скор од три победи и два порази и се наоѓа на шестото место на табелата, МЗТ Скопје пак има четири победи и еден пораз и во моментов е на второто место.