Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром го претрпе четвртиот пораз во низа во АБА 2 лигата и со ова го заагрози својот пласман на второто место на табелата во трката за подобра позиција пред плеј-офот.

Динамик славеше во „Јане Сандански“ со 84:82 нанесувајќи му го на тимот на Кочов осмиот овосезонски пораз.

„Репрезентативната пауза очигледно влијаеше врз играта на нашиот тим. Во нападот бевме многу конфузни, но клучно за поразот по мене беше фактот што имавме 11 скокови помалку од противникот во нападот.“ – изјави Кочов.

Во следното 21 коло од АБА 2, МЗТ Скопје Аеродром ќе му гостува на Нови Пазар, натпреварот е закажан за 5 март.