Пред официјалниот почеток на подготовките за квалификациите за Евробаскетот 2021, селекторот на  женската сениорска репрезентација, Владимир Ѓоровиќ ги одреди кошаркарките на кои ќе смета за турнирот во Рига.

За подготовките кои ќе бидат реализирани во Охрид, а потоа и во оние денови на престој во Рига, каде се игра „балонот“ во групата „И“ од квалификациите, Ѓоровиќ одбра вкупно 17. кошаркарки.

За прв пат во едни доста специфични услови кои ги креира пандемијата предизвикана од вирусот COVID-19  со која се бори целиот кошаркарски, и спорт воопшто.

„Најголем проблем за мене е што 90% од повиканите кошаркарки, од март па се досега, немаат одиграно некој официјален натпревар. Поради тој факт не можеме да знаеме на што сме, и на кое ниво на подготвеност се наоѓаат. Со самото  тоа, некоја рутина и темпирање на натпреварувачка форма е ставено под голем прашалник“– вели селекторот за актуелниот момент.

Подготовките ќе се реализираат во доста специфични услови кои ги креира пандемијата предизвикана од вирусот COVID-19.

„Ова е втор ФИБА ‘прозорец’, но сега во услови на пандемија, со подготовки во карантин. Една доста специфична ситуација, но се надеваме на добра адаптација, и она што е добро, десет дена заеднички тренинг и собир во услови на карантин, кој може много да придонесе на создавање на добра атмосфера, ‘внатре’ во тимот“– го истакнува Ѓоровиќ оној позитивен дел од ситуацијата.

 

СПИСОК НА КОШАРКАРКИ ЗА НОЕМВРИСКИОТ ЦИКЛУС НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП

1. Нена Трајчевска

2. Aнџелика Митрашиновиќ (Будуќност Бемакс – Црна Гора)

3. Софија Лазареска (Милано Баскет Старс – Италија)

4. Матеа Николиќ (Кампо Бассо – Италија)

5. Ивана Кметовска (КАМ Баскет)

6. Катерина Поп Димитровска (КАМ Баскет)

7. Ивона Пејковска (Вардар)

8. Сандра Лазареска (Бадел 1862)

9. Драгана Јоловиќ (Бадел 1862)

10. Драгана Петковска (Работнички)

11. Сања Адамовска (Бадел 1862)

12. Наталија Секуловска (Бадел 1862)

13. Јована Петрушевска (Вардар)

14. Габриела Модева (Струга 2009)

15. Марија Димитријевиќ (Бадел 1862)

16. Цветанка Димова (Бадел 1862)

17. Девана Бонер (Конектикат Сан – САД)