Селекторот на Македонија, Владимир Ѓоровиќ ја објасни ситуацијата во која се наоѓа пред заминувањето за Рига на квалификацискиот турнир.

Нашата женска репрезентација се соочува со повеќе проблеми со повредени кошаркарки а тоа во изјава за КФСМ, го потврди и Ѓоровиќ.

„Сакам кажам дека за овој февруарски ‘прозорец’ на ФИБА и квалификациските дуели во Летонија беа планирани уште неколку кошаркарки. Во прв ред, Јелена Антиќ, која е на посебни третмани за опоравување во Катар. Потоа Александра Стојановска, која за жал не е комплетно заздравена по операцијата на скочниот зглоб, и Кожобашиоска, која од пред неколку дека е во карантин во Италија. На поширокиот список не се Селцова и Митрева, кои се уште се во рехабилитациска фаза после оперативните зафати во изминатиот период“ –изјави Ѓоровиќ.

Во првите денови од седумдневните подготовки во Охрид, ќе го нема и капитенот Анџелика Митрашиновиќ, поради претходно планирани клупски обврски.

„Таа има натпревар со својот клуб Будуќност во WABA лигата. На 26. јануари играат во Бугарија, следниот ден се враќа во Скопје, а на 28. jануари очекувам да ја имаме на тренинг во Охрид. Исто така сакаме Девана Бонер да биде со нас пред да заминеме за Летонија. Но ќе видиме како ќе го организира наредниот период, со оглед на тоа што по настапите во ФИБА Еврокупот, сака на кратко да се врати во САД, по што би следувало нејзиното приклучување на останатите девојки во тимот“–  објаснува Ѓоровиќ.