Македонски кошаркарски репрезентативец, Стојан Ѓуроски не успеа да најде заеднички јазик со францускиот ПРО Б лигаш Евре. Тој потврди дека по само една нецела сезона ќе ја напушти Франција.

„Не останувам во Евре. Вистина е дека преговаравме во изминатиот период, но не постигнавме согласност да го продолжам договорот за наредната сезона“– изјави Ѓуроски.

Оваа сезона како играч на Евре, Стојан Ѓуроски имаше просек од  8.4 поени, 3.3 скока и 3.асистенции по натпревар.

Претходно, 28. годишниот кошаркар играше во Шпанија, за второлигашите Милила и Хуеска. И нема да биде никакво изненадување доколку и во наредната ќе биде на Пиринејскиот Полуостров.