Центарот на Реал Мадрид, Фелипе Рејес, одлучи да го продолжи договорот со „кралевите“ на уште една година. За „иконата“ на Реал, ова ќе биде 17.сезона во дресот на шпанскиот гигант, а вкупно 23. во професионалната кариера.

Рејес  за Реал дебитираше сега веќе далечната 2004.година кога стигна од тимот на Естудијантес. Тој со „кралевите“ беше дел од двете европски титули во 2015 и 2018 година.

Покрај тоа тој има и трофеј во Еврокупот, седум титули првак на Шпанија, шест шпански Купови и пет Суперкупа.