Без дел од најдобрите играчи во составот, Голден Стејт го совлада Порталнд на гостински паркет по едно продолжение со 119:117 и со ова се пласираа во големото финале во НБА лигата.

Актуелниот првак петта година по ред ќе се бори за шампионскиот прстен со што се израмни со рекордното достигнуавње на легендарниот состав на Бостон од пред судумдесет години.

Стеф Кари и Дрејмонд Грин  остварија трипл дабл. Кари средбата ја заврши со 37 поени 12 скокови и 11 асистенции. Кај поразените Демијан Лилард со 28 поени и 12 асистенци беше најдобриот поединец.

Голден Стејт во финалето ќе игра со подобриот од дуелот на Милвоки и Торонто. Бакс имаат предност по три натпревари од 2:1 во серијата до четири победи.