Кошаркарот Клеј Томпсон се очекува да потпише нов петгодишен договор со вицешампионот во НБА лигата Голден Стејт Ворисорс.

Управата на оваа екипа во никој случај нема да пропушти можност да му понуди максимален договор на овој кошаркар кој ќе изнесува 190 милиони долари за наредните пет години.

Томпсон е дел од најсилната кошаркарска лига од 2011 година кога беше избран како 11 пик на драфтот од страна на Вориорси.

Досега освоил три шампионски прстени со оваа екипа.