Новиот македонски селектор и актуелен шеф на струката на Игокеа, доби најголем број на гласови од колегите, новинарите и фановите.

Драган Бајиќ, новиот предводник на македонската сениорска репрезентација, и актуелен шеф на стручниот штаб на Игокеа е најдобриот тренер во АБА лигата за тековната сезона.

Вака одлучија новинарите, фановите кои го следат регионалното натпреварување, и моментот кој и дава „тежина“ на наградата, неговите колеги од 14 клубови партиципиенти во сезоната 2020/2021.

Новиот македонски селектор доби 63% од вкупниот број на гласови во традиционалното гласање кое го реализира менаџментот на АБА лигата, со кои го „победи“ колегата од Цедевита Олимпија, Јурица Големац (10.8%), како и Владимир Јовановиќ, предводникот на Мега, кој доби 7.7% од вкупниот број на гласови.

Зад себе Драган Бајиќ има една неверојатна сезона со Игокеа. Екипата која ја одведе во друштвото на четирите најдобри кои низ плеј-офот ќе с еборат за шампионската титула во АБА, но и за место во следното издание на Евролигата. За прв пат по сезоната 2012/2013

Тимот од Лакташи го заврши регуларниот дел од АБА лигата со скор (19-7), кој беше доволен за четвратата позиција на табелата која води во полуфиналето на плеј-офот и серија против белградска Црвена Звезда.

„Оваа сезона Игокеа беше и на чекор до пласман на завршниот турнир од ФИБА Лигата на Шампионите. На Бајиќ и неговите избраници им недостасуваше само еден триумф за да ја комплетираат одличната сезона. Сето тоа како потврда плус за квалитетите на човекот кој е ја предводи нашата најдобра селекција во наредниот период“– велат од македонската кошаркарска федерација.

Од КФМ му упатуваат и честитки за ова големо признание на Бајиќ.