Рускиот кошаркарски тим и член на Евролигата Химки од Москва денес го донесе најголемото засилување во преодниот рок откако потпиша со НБА ѕвездата Тимофеј Мозгов кој се врати во повторно во татковината.

„Химки е мој клуб, тука сите ме сакаат и среќен сум што се вратим дома. Пред нас е сезона со многу предизвици“, рече 32-годишниот кошаркар на промоцијата.

Минатата сезона во НБА лигата Мозгов  имаше просек од 6,8 поени и 5 скока по натпревар,

Во НБА лигата одигра 454 натпревари играјки за тимовите на  Денвер, Кливленд, Лос Анџелес Лејкерс, Бруклин и Орландо.