Рускиот кошаркарски клуб Уникс Казан потпиша со Американецот Алекс Тајс.

Тајс е нов член на „зелените“ од Казан, откако се обврза да потпише договор на една сезона, со опција да го продолжи на уште една ако двете страни бидат задоволни на крајот оваа сезона.

Тајс не го продолжи договорот со Макаби Тел Авив и потпиша со рускиот гигант.