Екипата на Работнички го доби првото летно засилување. Горан Главчев денеска стави потпис на договорот со македонскиот вицепрвак.

Главчев доаѓа од Блокотехна е игра на позицијата бек и има одлична стастистика во минатата натпреварувачка сезона. Тој предходно има играно и за КК Кожув.

Новиот тренер на КК Работнички, Димитар Мираковски допрва ќе го комплетира ростерот со оглед на тоа дека сеуште не се завршени преговорите со дел од играчите кои го носаеа дресот на Работнички а најавени се уште неколку засилувања.

ФОТО: basketball.mk