Еден од најдобрите млади кошаркари на Македонија, Горазд Величковски во изјава за КФСМ вели дека со натрпение чека да се врати на кошаркарските терени.

„Многу ми недостасува кошарката, посебно оној адреналин на паркетот. Едноставно, ми недостасува кошарката.Тоа е еден биоритам реализиран со години наназад. И сега одеднаш ти се менуваат навиките. Во последните 5-6 години колку што сум во Феникс 2010 и во Скопје, никогаш подолго не сум седел дома, во Крива Паланка. Но, не сум пасивен. На почетокот, часовите во кои ни беше дозволено движењето, релацијата ми беше трчање до манастирот Јоаким Осоговски“- изјави Величковски.

Тој беше стандарден член на стартна петорка на нашата кадетска репрезентација на ланскиот Евробаскет во Италија, а во таа насока беа и неговите бројки на шампионатот во Удине. Величковски настапува во тимот на Феникс 2010, клуб во која ова момче од Крива Паланка, настапува веќе пет-шест години.