Гостиварци покажаа квалитет, славеа против Црн Дрим Грин мобиле 83:72. Кошаркарите на Гостивар со оваа победа ставија крај на мини-серијата од два  порази во домашниот шапионат.

Одличен почеток имаа домашните кошаркари кои по 2:10 минути поведоа со (9:0). Нешто потоа имаа и (12:4), (18:12). Но влегувањето во игра на Јанески, неговите пет поени во серијата (7-0) донесоа промена на водство на страната на Гостивар од (19:18), за крај на тој прв период од играта.

Не баш ефикасно се играше во втората четвртина, на двете страни од теренот. Но и тука подобро се снајдоа гостинските кошаркари кои со уште една мини серија, од (9-1), и нешто подобрата реализација за три поени, стигнаа до највисоката предност (37:29) во првото полувреме. Во последните две минути погодуваше и Фрајдеј, па на полувреме Гостивар имаше дури и двоцифрено, и со оглед на настаните на теренот, и убедливо водство од (41:31).

Дури и покрај фактот кој вели дека беа натскокани. Имаа дури девет скока помалку во однос на домашната екипа (23 спрема 14).

Онаму каде што застанаа во втората, гостиварци продолжија во третата четвртина во која ја „подигнаа“ позитивата на недостижни (62:46).

Разлика која стружани успеаја да ја намалат во самиот финиш на оваа средба во која го впишаа и 15. неуспешен настап.

Гостивар пак дојде до скор од девет победи и пет порази, а за овој успех најголемите заслуги одат кај Фрајдеј, стрелец на 24.поени. Костоски го следеше со 16, Тодоровиќ даде 12, а Јанески еден поен помалку. Кај Црн Дрим Грин Мобиле, Жоао Марсело имаше дабл-дабл ефект од 22.поени и 16.скока, а Стаменковиќ десет поени.