Кошаркарите на Гостивар обезбедија пласман во овогодишеното издание на плејофот во домашното првенство откако славеа против МЗТ Скопје Аеродром со 65:51.

Гостиварчани предводени од Александар Јончевски ги искористија сите проблеми на противникот и во натпрвар кој беше израмнет само во воедната четвртина, успеа да слави со 14 разлика.

Вокер со 17 поени и Јанески и Димчевски со по 10 поени беа најефикасни во победничкиот тим, за „Металците“ се издвои Крстевски со 13 поени.

Еуро Никел ги намалија шансите на Кожуф за пласман во плеј-оф совладувајќи го со 84-75 во натпреварот од 21. коло во домашниот шампионат.