По продолжение од пет минути, гостиварските„ сино-бели“ беа подобри од ТФТ со 115:109, се бореа за петтото место во регуларниот дел од сезоната.

Последниот меч првиот дел од Првата лига, се покажа како точна констатацијата дека станува збор за две скоро изедначени екипи.

Гостите од Скопје имаа одлична прва четвртина во која потсетија на некои свои претходни иданија по кои и го добија епитетот за хит во Првата лига. Реализираа „црно-белите“ 33.поени во првите десет минути, примија 20. Се стекнаа со двоцифрена предност, која со сигурна игра, во добар дел и ја сочуваа во првото полувреме, на одмор ТФТ замина со предност, (53:46).

Тоа беше одредница за играта во третиот период во кој ниту една од двете страни не успеа да направи исчекор. Гостивар да ја анулира таа солидна прендост на противникот, а ТФТ пак да се врати на двоцифрената.

По три периоди од играта, домаќините симнаа уште еден дел од таа разлика. Во последната четвртина влегоа со минус од четири поени (72:76).

Но по 36.минути играње резултатот во салата „Младост“ беше изедначен, двете екипи имаа дадено по 84. поени.

Тројката на искусниот Јанески, ја врати предноста на страната на Гостивар (87:84). Јанески погоди уште еднаш од истата позиција, за уште повиско водство (90:86) кога останаа да се доиграат 02:47 минути.

Но, на 17 секунди пред истекот на регуларните 40.минути, Андерсон погоди едно од двете слободни фрлања за ТФТ, за нов нерешен резултат (90:90). Но и последен напад за гостиварци. Седум секунди подоцна, Костоски беше мирен од „пенал-линијата“ за (92:90).

А по гостинскиот тајм-аут, Хортон ја помина домашната одбрана, поентираше од табла, и го однесе мечот во продолжение од пет минути (92:92).

А во нив гостиварци се покажаа како далеку поискусни. Посмирени, и пред се, поефикасни. Неверојатни беа оние (23:17) во „половина четвртина“ која се покажа како решавачка.

Па по 22.одграни кола, Гостивар стигна до ефект (13-9), доволен (засега) за петтото место на табелата. А по овој нов пораз, ТФТ се „лизна“, едно подолу во исчекување на исходот на средбата Куманово 2009 – Вардар која ќе го донесе расплетот, односно поделбата од 5 до 7. позиција на табелата.