Тимот на Гостивар славеше на домашен паркет против МЗТ Скопје 2 со 89-69 во првиот меч од 15.коло од Прват кошаркарска лига на Македонија.

Домаќините ја оправдаа фаворитската улога против младинците на МЗТ кои сезонава ниту една не ја почуствуваа победата. Првото полувреме заврши со позитива од само четири поени за големиот фаворит, но на почетокот од третиот период Гостивар го зголеми темпото и од минута во минута ја зголемуваше разликата, која на крајот изнесуваше 20.поени.

Со оваа победа Гостивар се рехабилитираше по поразот во минатото коло од Кожув и во моментот се четврти со скор од 10. победи и 4. порази.