Кошаркарскиот клуб Гостивар следната сезона ќе игра во АБА 2, пишува „Гостиварпрес“ кој тврди дека клубот има понуда од регионалната лига да игра во Јадранската лига.

Проблем за Гостивар е салата „Младост“ која не ги исполнува условите за настап во АБА2,  клубот добил потврда од градските власти дека сите технички проблеми ќе бидат отстранети и ќе се направат услови за настап во регионалното натпреварување.

Доколку се отстранат техничките проблеми во салата „Младост“ тогаш со сигурност КК Гостивар ќе добие право на настап во АБА 2.