Кошаркарот на Вашингтон Визардс, Бредли Бил, е најновиот играч кој се откажа и нема да настапи на светското првенство во Кина за селекцијата на САД.

Бил објави дека нема да игра за Американците поради тоа што го очекува своето прво дете кон крајот на следниот месец.

Освен Бил на Грег Попович досега му откажаа Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Си Џеј Меколум и Ерик Гордон, кои првобитно потврдија, па потоа го откажаа својот настап на Мундобаскетот.