Селекторот на кошаркаската репрезентација на Соединетите Американски Држави го скрати списокот на кошаркари кои ќе настапат на Светското првенство (СП) во Кина.

На истиот има 13 кошаркари, на кој меѓу последните испаднаа Пи-Џеј Такер кој се повреди, како и ДеАрон Фокс, кој најави дека ќе се фокусира на Сакраменто Кингс и дека нема да игра на Мундобаскетот за САД:

СПИСОК НА КОШАРКАРИ НА САД:
Харисон Барнс (Сакраменто), Џејлен Браун (Бостон), Џо Харис (Бруклин), Кајл Кузма (ЛА Лејкерс), Брук Лопез (Милвоки), Крис Мидлтон (Милвоки), Донован Мичел (Јута), Мејсон Пламли (Денвер), Маркус Смарт (Бостон), Џејсон Татум (Бостон), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Бостон), Дерик Вајт (Сан Антонио).

До стартот на Светското првенство кое започнува на 31.август од комбинација ќе испадне уште еден кошаркар.