Селекторот на САД, Грег Попович нема да смета  на услугите на двајца играчи кои беа на подготовките пред настапот на Мундијалот во Кина.

Иако Попович има многу проблеми со откази и го „крпи“ тимот, по тренинг натпреварот меѓу првиот  и вториот тим на САД се реши да се откаже од  играчит на Индијана Тадеус Јанг  и Едрис Адебајо  од Мајами.

Според најавите, Попович следната недела ќе го објави конечниот список на играчи за Мундијалот  на кој  Американците се најголеми фаворити.