Никако да престанат проблемите на Грег Попович пред почетокот на Мундијалот  во Кина, се повреди и  Пи Џеј Такер крилниот центар на Хјустон.

Пи Џеј Такер се повреди на подготвителната средба со Шпанија која Американците  ја победија со 90-81. Резултатот беше во втор план, играта во прв, но  повредата на  Такер  ги менува плановите на селекторот.

Светското првенство во Кина започнува на 31. август, Американците  отвораат со Чешка. Селекцијата на Шпанија за прв противник на шампионатот го има составот на Тунис.