ЛА Лејкерс  откако не успеа да го убеди кошаркарот на Торонто Каваи Ленард да биде дел од овој тим ,се договори со ветеранот Дени Грин кој настапуваше минатата сезона за шампионот во НБА лигата Торонто.

Грин ќе потпише двегодишен договор со ЛА Лејкерс вреден 30 милиони долари. Минатата сезона овој кошаркар ја заврши со просек од 10,3 поени и 4 скокови по натпревар.

„Езерџиите“ исто така успеаја да го осигураат за наредната сезона и Џавејл Мекги и Кентавиус Колдвел – Поуп, кои потпишаа нови договори со клубот од ЛА.