Грчкиот стручњак Јоргос Барцокас се врати на кормилото на Олимпијакос, потврди тимот од Пиреа. Тој со црвено-белите потпиша договор на две ипол години.

Барцокас ќе се обиде екипата да ја донесе барем до топ 8 фазата, од која моментално ја делат две победи. Барцокас последен ангажман имаше во екипата на Химки, но на почетокот на 2019. година е сменет од позицијата шеф на стручниот штаб.

Во кариерата ги предводеше и Муриса, Лариса, Паниониос, Локомотив Кубањ и Барселона.