Мексиканскиот кошаркарски репрезентативец Густаво Ајон потпиша едногодишен договор со руски Зенит Санкт Петербург.

Рускиот тим кој оваа година ќе дебитира во Евролигата и веднаш успеа да го договори 34-годишниот Мексиканец кој минатата сезона беше дел од шпанскиот Реал Мадрид.

Центарот во Реал Мадрид е од 2014 година, а на крајот од сезоната си замина како слободен кошаркар.

На 31 натпревар во Евролигата минатата сезона, Мексиканецот имаше просек од 8.3 поени и 6 скока по натпревар.