Ѕвездата на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, синоќа во мечот против Бостон уфрли четири тројки со кои се искачи на петтото место на најдобри тројкаши во историјата на НБА.

Бекот на Рокетс ги мина легендарните Џејсон Тери и Винс Картер, кој ја игра својата рекордна 22.сезона во кариерата.

На првото место на вечната НБА листа на најдобри „тројкаши“ е легендарниот Реј Ален, кој постигна 2973 тројки во својата кариера. Второто место е за Реџи Милер 2560, а трет е Стиф Кари 2492. Следен на листата за достигнување му е Кајл Корвер кој  има 2428