Хрватскиот кошаркар Марио  Хезоња  ќе го носи дресот со број 44  во Портланд кој порано беше „сопственост“ на легендарниот Дражен Петровиќ во овој клуб.

Хезоња доаѓа во Портланд  од  Њујорк, минатата сезона одигра 58 меча, имаше просек од 9 поени на натпревар и по 4 скока  и 5 асистенции.

„Дражен е еден од најдобрите кошаркари од Европа на сите времиња, ако не  и најдобар, ова е многу посебен момент за мене во кариерата“ – изјави Хезоња кој има 23 години.