Хјустон Рокетс се соочуваат со големи проблеми по повредата на Џералд Грин, кој се здоби со скршеница на стапалото на пред сезонскиот меч против Торонто.

Грин е еден од најбитните кошаркари во втората постава во ростерот на Мајк Д’Антони, а бекот на Рокетс минатата сезона бележеше 11 поени по натрпевар за 20 минути игра. Се очекува наредните денови Грин да направи дополнителни анализи, но според првичните информации од медицинскиот тим бекот ќе ја пропушти целата престојна сезона која започнува на 23 окомври.

Тренереот на Рокетс изјави дека по повредата на Грин, поголем простор за игра ќе добијат Остин Риверс, Бен Меклемор и Табо Сефолоша.