Кошаркарскиот клуб од Република Српска и член на АБА лигата Игокеа потврди дека нов играч на оваа екипа е хрватскиот репрезентативец Марко Томас.

Договорот кој го имаат потпишано кошаркарот и клубот е со важност на една година. 34-годишниот играч во својата кариера има настапувано за Цибона, Фуенлабрада, Реал Мадрид, Фенербахче, Цедевита, Анкара и Газиантеп.

Минатата година Томас настапуваше во турскиот шампионат за турскиот Газиантеп каде во просек постигнуваше по 10 поени