Горан Драгиќ е еден од најдобрите словенечки кошаркари во историјата, а тој заедно со Лука Дончиќ ја предводеа Словенија до златото на Европското првенство.

Кошаркарот на Мајами говореше за својот помлад колега за кого вели дека ваквите настапи на Дончиќ не го изненадуваат, иако не очекувал дека вакви перформанси ќе има уште во втората сезона во НБА.

Дали сум изненаден? Да бидам искрен – не. Очекував дека тој да игра на такво ниво, но може да има мал елемент на изненадување затоа што тоа го прави рано во кариерата. Мислев дека можеби тој ќе игра на тој начин за три или четири сезони. А тој е само во втората година и сега игра неверојатно. Отсекогаш сум бил свесен дека тој е талентиран. Кога имаше шест години, играв со неговиот татко, а тој носеше топки“ -изјави Драгиќ.