Андре Игудала, иако е член на Мемфис оваа сезона не одигра ниту минута во НБА лигата, а причина за тоа се лошите односи меѓу него и челниците на овој клуб. На крајот од минатата сезона си замина од Голден Стејт, каде се прослави и застана на врвот на НБА лигата.

За потписот на Игудала се заинтересирани повеќе екипи, а во неговите мисли се само два тима и тоа граските ривали од  Лос Анџелес,  Лејкерс и Клиперс.

Овој кошаркар ќе биде од голема помош пред се во одбраната и за двете екипи кои сезонава имаат највисоки амбиции, односно се главни кандидати за освојување на шампионскиот прстен.