Нема да го паметат по добро првиот меч во нивната историја одигран во регионалното натпреварување кошаркарите, но и сите други на кои омилен клуб им е Пелистер.

Ловќен од Цетиње беше првата прешка на која „паднаа“ битолчани во АБА 2 лигата, а загубија со 85:108. Тренерот Марјан Илиевски смета екипата нема искуство, и дека ова било еден лош ден.

 „Му честитам на Ловќен за заслужената победа, искуство што го имаат од настапите во АБА2 лигата во последните години беше сосема очигледно и тоа се забележа на денешниот натпревар. Ако го погледнеме тоа што ни се случи денеска, изгледа како да ни потонале сите бродови.  Можеби е подобро ова што ни се случи на самиот почеток, бидејќи ќе имаме можност да извлечеме поуки. Ние имаме искусни кошаркари со доволно меѓународни натпревари, ама сепак ова за клубот е нешто ново“ – изјави Илиевски.