Бруклин Нетс ова лето се засили со двајца од најдобрите 10 играчи во НБА лигата, а тоа се Кевин Дурант и Кајри Ирвинг кој се очекува во наредните неколку сезони да го освојат шампионскиот прстен. Со овие двајца и плус Деандре Џордан Бруклин стана еден од најдобрите тимови во источната конференција која години наназад каска во квалитето во однос на западот.

Претстојната сезона се очекува да ја пропушти Дурант поради тешката повреда во НБА финалето во јуни. Според Ирвинг, тој не требаше да игра и сите тоа го знаеја, а дека беше приморан само за дополнително да го подигне интересот за НБА лигата.

„Го натераа да игра поради реклами и пари, а не помислија на него како личност. Сите знаевме дека тој не смее да се појави на теренот во тој момент. Тука сум за да не дозволам слична ситуација во иднина, ќе ги штитам сите мои соиграчи“, изјави поранешниот плејмејкер на Кливленд и Бостон.

Дурант на претставувањето зборуваше за разделбата со Голден Стејт и рече дека размислувал само две секунди да си замине.  Тоа покажува дека еден од најдобрите кошаркари во последните 10 години беше во лоши односи со соиграчите и тренерскиот тим и покрај шампионските прстени и успеси во последните три сезони.