Кошаркарите го добија ветеното

Исплатени премиите за пласман во квалификациите на ЕП 2021

Кошаркарите ја добија премијата во висина од 750.000 денари за пласман во квалификациите. Македонската машка кошаркарска репрезентација утре во „Борис Трајковски“ ќе ја пречека Естонија во воведниот натпревар од евроквалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2021.

„Во оваа прилика, КФСМ сака да ја информира јавноста дека, средствата утврдени за премии, ветени од страна на претходното раководство на федерацијата, се реализирани од страна на новиот раководен тим на КФСМ.Финансиските надоместоци веќе се префрлени на сметките на кошаркарите кои на Македонија и донесоа учество во квалификацискиот циклус на едно големо натпреварување, преку кое очекуваме враќање на македонската репрезентативна кошарка онаму каде што и е местото, на горните позиции.  Во исто време се надеваме дека ова ќе биде само еден дополнителен стимуланс на членовите на нашиот национален тим, пред почетокот на квалификациите за Евробаскетот 2021 година“, стои во соопштението на КФСМ


Comments are closed for this post.

Центарот потпиша едногодишен договор

Трет странец во МЗТ Скопје, Србинот Бојиќ се врати кај „штрковите“ (ФОТО)

Викендов започнува новата сезона

ПМФЛ: Вардар – Борец на МРТ како и дербито на Чаир, останатото на ТВ-ФФМ

Легендарниот голман стави крај на кариерата

Икер Касиљас : Важен е патот по кој патувате и луѓето кои ве поддржуваат