„Баделки“ се прва екипа во македонската женска кошарка кои запишаа триумф во оваа сениорска конкуренција од Јадранската лига.

Бадел победи на гостински терен, против екипата на Бановичи 70:57. Во воведниот период веќе имаа двоцифрена предност (18:6), која до полувремето ја зголемија, водеа со (38:20).

Тоа беше најава дека кошаркарките во „сино-жолта“ комбинација се уверени во историскиот триумф. Во продолжението, играта беше доста поизедначена, што во принцип и беше сосема доволно за нашите кошаркарки ја одбранат предноста од првиот дел, и да стигнат до толку посакуваната победа.

До триумфот ги водеше Ивана Кметовска со 24.реализации и 6 скока, Александра Стојановски дополни со 18.поени, 4.скока и 2.асистенции, а Цветанска Димовска пак запиша дабл-дабл резултат од 16.поени и 10 скока (плус три асистенции).