Словенечкиот кошаркар Јака Блажиќ се враќа во АБА лигата.Новоформираниот кошаркарски тим во регионалното натпреварување Цедевита Олимпија ќе биде новиот клуб на словенечкиот репрезентативец.

Блажиќ за Олимпија има настапувано во периодот од 2011 до 2013 година. После тоа играше за Црвена Звезда,Басконија ,Андора и Барселона.

Минатата година Словенецот за каталонскиот гигант одигра 25 натпревари каде забележа 5,2 поени и 2,3 скока по натпревар.