По еднодневната пауза, сениорите се враќаат на тренинг според предвидениот план за подготовка за мундијалските претквалификации.

Од утрешниот тренинг, предвиден за 10. часот во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, стручниот штаб на нашиот сениорски национален тим, ќе го има на располагање и Андреј Јакимовски.

Младиот репрезентативец ја помина првата фаза од рехабилитацијата по операцијата на препоните, од утре ќе почне со тренинзи, и ќе им се приклучи на своите репрезентативни колеги кои го одработија оној уводен, базичен дел од подготовките.

Со забелешка дека оние први тренинзи ќе ги одработи со стручњакот за физичка подготовка, професорот Александар Кукриќ., а потоа ќе  е следи неговата физичка подготовеност.

„По оперативниот зафат со кој ги санирав проблемите со препоните, сакам да видам до каде сум со физичката подготовка. Ќе разговарам со селекторот и кондицискиот тренер на нашиот тим, со цел да направам план за работа во наредните денови. Ќе тренирам одвоено од тимот, но сакам да бидам дел од екипата. Ќе видиме како сето тоа ќе функционира, ми недостасуваат тренинзите со тимот, едвај чекам да бидам на теренот. Нема да форсирам со враќањето, со надеж дека стартот на претквалификациите ќе го дочекам што е можно поспремен“– вели Јакимовски.