Јанис Адетокумбо рече дека тој сеуште не е најдобриот играч на светот и дека Леброн Џејмс се уште е на првото место.

Грчкиот кошаркар стигна до својата прва титула и беше МВП на финалето, кога го победи Феникс Санс во финалето со Милвоки Бакс во шест натпревари.

На 26 години, Јанис има одлична биографија, бидејќи беше шампион, МВП на финалето, двоен МВП на регуларниот дел од сезоната и дефанзивен играч на годината.

Сепак, тој не се смета себеси за најдобар играч на светот.

“Јас сум ловец, ми се допаѓа тоа. Не сум најдобриот играч на светот, ви велам дека не сум. Тука се Дурант, Леброн, Лука, Кари, Дејвис, можеби тие се најдобрите . Јас не сум.  Сеуште ги ловам најголемите кошаркари. Леброн се уште е најдобар во светот “, рече Адетокумбо.