29-годишниот летонски бек Јанис Стрелниекс, по завршувањето на сезоната веќе доби неколку сериозни понуди за продолжување на својата кариера.

Имено, за услугите на овој кошаркар заинтересирани се Химки, Панатинаикос и Валенсија, а засега најсериозен интерес постои од руската екипа.

По завршувањето на оваа сезона Стрелниекс е слободен играч, откако тој и неговиот веќе поранешен клуб Олимпијакос се решија да не ја продолжат соработката. Стрелниекс во Олимпијакос помина две години, а во просек на паркетот во натпреварите од Евролигата бележеше по 8.8 поени и 2 асистенции.

Доколку шпекулациите за трансфер во Химки се покажат како точни, Стрелниекс од наредната сезона ќе настапува заедно со својот репрезентативен колега, Јанис Тима.