Братот на Никола Јокиќ, Страхиња вчера беше во центарот на американската, но и балканската јавност, откако поради напад на жена беше уапсен во Денвер.

Никола Јокиќ уште денес зборуваше пред медиумите во Америка, но на кошаркарски теми во пресрет на почетокот на НБА сезоната со Денвер, во кој србинот ќе биде главна алка во ростерот на тренерот Мелоун. По она што можеше да се види Јокиќ беше видно расположен без разлика на инцидентот со неговиот брат.

„Ова е четврта сезона за мене во НБА и има голема разлика од првата година. Се сеќавам дека бев многу нервозен во пресрет на подготовките, а сега сум многу опуштен. Со нетрпение го очекувам стартот на сезоната, а како тим имаме големи амбиции. Треба да докажеме дека минатогодишниот резултат не беше случаен“-изјави Србинот.

Српскиот центар минатата сезона беше избран во идеалната петорка на НБА лигата и стана првиот балканец на кого му успеало тоа.