Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години денеска на Европското првенство Б-дивизија се среќава со Естонија во четвртфиналето.

Нашите кошаркари со максимален учинок по пет натпревари се пласираа четвртфиналето, денеска бараат шанса за пласман меѓу четирите најдобри на континеталниот собир во Романија.

Натпреварот со Естонија го играме од 17-30 часот.

13:00 Полска – Грузија
15:15 Португалија – Чешка
17:30 Македонија – Естонија
19:45 Израел – Шведска

Со евентуална победа над Естонија, нашата репрезентација ќе игра со подобриот од дуелот на Израел и Шведска.