Младинскит погон на МЗТ Скопје вечерва заминува за Задар каде од четврток до недела ќе бидат дел на еден од двата полуфинални турнири од АБА лигата за играчи до 18 години.

Младинската екипа на МЗТ е актуелен шампион на Македонија во оваа возрасна категорија, а најголем дел од играчите на оваа екипа настапуваат во МЗТ 2 кои годинава дебитираа во Прва кошаркарска лига на Македонија. МЗТ Скопје  дел од групата Б каде силите ќе ги одмери со врсниците од Црвена Звезда, Морнар, Цедевита Олимпија и домаќинот Задар.

Во групата А која се игра во Белград учествуваат Крка , Будуќност, Игокеа, Мега и Цибона. Двете најдобри екипи од двете групи ќе обезбедат учество на завршниот „Фајнл фор“ турнир.